• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски и неговиот тим ЦСМ Букурешт од Романија ќе играат финале во Челинџ Купот, откако на домашен терен го совлада руски Санкт Петербург (25-20).
По минималниот триумф на првиот меч во Русија, романскиот тим беше сигурен и на домашен терен. ЦСМ Букурешт стекна предност во првиот дел (15-11) и мирно ја држеше се до финишот на средбата.
Гоце Георгиевски настапи на овој натпревар и успеа да се запише во листата на стрелците само еднаш. Противник на ЦСМ Букурешт во финалето ќе биде португалска Мадера која беше подобра од грчки АЕК.