Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски меѓу последните ја заврши сезоната на интернационална сцена. Со неговиот ЦСМ Букурешт тој разигруваше за третото место во романскиот шампионат, но загуби во серијата „подобар од три“ од Потаиса Турда.
Во првите два меча, Турда и ЦСМ Букурешт победуваа на домашен терен, а во одлучувачкиот, исто така домаќинот Турда ја искористи таа предност и славеше со 21-20. Иако ЦСМ Букурешт имаше предност во финишот, сепак му дозволи на противникот да се врати во мечот.
Георгиевски беше еден од најдобрите кај гостите и успеа да погоди три пати во голот на Турда. Следен предизвик за десното крило е репрезентацијата и бараж двомечот со Романија за пласман на Мундијалот во Германија и Данска.