Георгиевски и ЦСМ Букурешт ја средија Стеауа во градското дерби

Ракометарите на ЦСМ Букурешт играат во одлична форма на стартот на новата сезона и се без пораз во силниот романски шампионат. Пред налетите на тимот каде игра македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, падна и СЕХА лигашот Стеауа, која загуби во градското дерби со 24-27.

Десното крило имаше два гола од два обиди, а со оваа победа ЦСМ Букурешт се искачи на лидерската позиција на табелата со 16 бодови на шест меча.

Во следното коло пред репрезентативните активности, ЦСМ Букурешт ќе се соочи токму со големиот конкурент за првата позиција, Потаиса Турда.