Георгиевски: Ги добивме најнезгодните ривали, ама желбата е ново ЕП

Гоце Георгиевски, новото крило на македонскиот првак Вардар, ја коментира ждрепката за ЕП 2022 и вели дека групата во која сме заедно со Данска, Швајцарија и Финска воопшто не е наивна, ама целта на нашиот национален тим е пласман на собирот.

„Групата не е наивна, можевме да добиеме полесни противници. Финска од последниот шешир воопшто не е наивна, од третиот ја добивме Швајцарија, можеби најнезгодниот ривал од сите. Ждрепката не е посакувана, ама ако сакаме да патуваме на Европско првенство ќе мора да ги победиме овие репрезентации. Мислам дека имаме квалитет. Данска е апсолутен фаворит во оваа група, се работи за голем тим, редовен првак. Ние ќе се фокусираме на нас, ќе ја бараме шансата со сите селекции и како и секогаш ќе одиме на победи“, ни изјави Георгиевски.

>>> Македонија против Данска, Швајцарија и Финска ќе се бори за ЕП 2022!

>>> Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен

Македонија стартува со квалификациите во месец ноември, а првиот натпревар е на домашен терен против репрезентацијата на Финска.