• Мартин Танасковски

Екипата на ЦСМ Букурешт е шампион во Челинџ купот на ЕХФ, затоа што во реваншот романскиот тим беше подобар од португалска Мадеира.
Првиот дуел заврши без победник (22-22), додека во вториот меч ЦСМ пред својата публика славеше со 26-20 и дојде до посакуваниот трофеј.
Гоце Георгиевски беше одличен на оваа средба и даде вкупно четири гола во мрежата на противникот и беше еден од најдобрите ракометари на романскиот тим.
За Георгиевски ова беше втор трофеј со ЦСМ Букурешт, по освоениот шампионат во 2017 година.