Тимот на ЦСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, ја продолжи победничката серија во романскиот шампионат и го забележа третиот триумф, кој му донесе лидерско место.
ЦСМ Букурешт немаше никакви проблеми и славеше на гостувањето кај новакот во лигата, Клуж, со убедливи 19-31 (12-16). Победникот беше решен уште во првиот дел, кога гостите водеа со +4.
Десното крило на македонската репрезентација беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна четири гола од четири обиди. ЦСМ Букурешт во следното коло ќе се сретне со Бакау и ќе има голема шанса да се одлепи на врвот на табелата.