Ракометарите на ЦСМ Букурешт, по поразот од Турда се вратија на победничките патеки, откако славеа на гостувањето кај Фагараш со 24-29, во натпревар од 24. коло во романскиот шампионат.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски биеше без грешка на овој дуел, постигна три гола од три обиди, додека најефикасен беше Сомлеа со осум погодоци. ЦСМ Букурешт веќе го обезбеди местото во плеј-офот и најверојатно ќе стартува од четвртата позиција.
За разлика од ЦСМ Букурешт, Никола Митревски и Велко Маркоски по триумфот во Купот на Романија со Доброгеа Суд Костанца беа поразени на гостувањето кај Дунареа Калараши со убедливи 35-29.