Георгиевски: Бахреин е многу поагресивна селекција од Јапонија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Мирно во хотелот во близина на „Олимпија Хале“, синоќа репрезентативците го следеа натпреварот Шпанија - Бахреин и полека почнаа да создаваат слика за нашиот втор противник на Светското првенство.

Гоце Георгиевски предвидува поинаков тип на натпревар, со тоа што апелира максимално да се пристапи на натпреварот.

„Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен. Бахреин е непознаница, никогаш не сме играле против нив. Нема лесни ривали, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој ривал, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле...“.

Нашето крило не знае детали од играта на Бахреин, денес треба да биде анализиран вториот противник, но од првиот впечаток по натпреварот со Шпанија агресивноста е нивни адут.

„За разлика од Јапонците играат поагресивна одбрана, мислам дека ќе ни биде многу тешко“, вели ракометарот на ЦСМ Букурешт. 

Ако го задржиме трендот да постигнуваме преку 35 голови, скоро сигурно ќе запишеме нова победа на Мундијалот. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0