Георгиевска се раздели со Баја Маре

Македонската ракометарка, Елена Георгиевска, од денес официјално е слободен играч. Нашата репрезентативка спогодбено се раздели од романска Баја Маре.

Она што се очекуваше и од порано се случи токму денес, кога Георгиевска и челниците на клубот седнаа и се договорија да се разделат. Романската екипа е во проблеми уште од почетокот на сезоната, така што оваа разделба не е нешто ново. 25-годишната ракометарка не успеа да одигра доволно натпревари оваа сезона заради повредите, со кои се бореше во текот на цела година.

Романската авантура за нашата Елена траеше само една година. Таа стана дел од романскиот клуб во 2014 година, напуштајќи ја екипата на Будуќност.