Генсхајмер дециден: Не заслуживме да загубиме!

Ракометарите на Германија испуштија предност од пет голови и загубија во клучниот натпревар од главната рунда на Европското првенство од Хрватска (25-24). Иако беа во одлична позиција, се чини дека загубија по својот „германски рецепт“ со пресврт во финишот. 

<<< ПОВРЗАНО - Карачиќ и Шего ја срушија Германија, хрватски реванш за кражбата во Келн

Капитенот и еден од најискусните играчи Уве Генсхајмер смета дека не заслужиле пораз. 

„Не заслуживме да загубиме по таква игра. За жал направивме лесни грешки во финишот, што беше клучно. Иако игравме одлична одбрана и натпревар во супер брз ритам, загубивме“, краток беше Уве. 

<<< ПОВРЗАНО - Прокоп призна: Разочарани сме, овој натпревар ќе остави трага

Токму Генсхајмер беше меѓу најдобрите поединци на Германија, а заедно со Кастенинг, Рајхман и Вебер беа најпрецизни со по четири погодоци. Тие веќе утре играат против еден од домаќините Австрија, во натпревар кој мора да го добијат доколку сакаат да играат барем за петтото место.