• Саше Љолес

Третото коло од ракометната Лига на шампиони ги даде и петте најдобри одбрани од сите одиграни натпревари. ЕХФ ги издвои петте најубави интервенции на голманите, а таму се најде и чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Калифа Гедбан.
И покрај добрата игра, битолчани загубија од Кил, но имаше неколку одлични моменти за одбележување, вклучително и одбраната на Гедбан, која се најде на четвртото место меѓу петте избрани од ЕХФ.
Во ТОП-5 одбраните од третото коло во елитата се најдоа уште Матеј Мандиќ од Загреб, Никлас Ландин од Алборг, Реми Дезбоне од Монпелје, а најдобра интервенција од сите забележа Никола Портнер од редовите на Магдебург.