ВИДЕО: Гениј и џентлмен во исто време - се сеќавате ли на овој лоб на Лазаров?

На претпоследниот меч од минатогодишното Светско првенство, репрезентацијата на Македонија запиша пораз од Русија. Тоа значеше дека нашите ракометари ќе се борат за 15-та позиција на турнирот, која ја освоија со триумфот над Чиле во последната средба.

Скоро сите 60 минути против руските репрезентативци беа за заборав на нашата селекција. Кирил Лазаров како и секогаш отскокнуваше и блескаше на моменти.

Македонскиот капитен го постигна најатрактивниот погодок на мечот и можеби еден од најубавите во својата богата кариера. Тој застана на линијата од седум метри и наместо со левата, испрати лоб со десната рака и го измами рускиот голман Олег Грамс. Моменти подоцна, двајцата спортски си подадоа рака.

Се потсетуваме на овој погодок на денот кога нашиот најдобар ракометар полни 40 години. Се надеваме дека уште неколку години ќе биде дел од репрезентацијата и ќе помогне во остварувањето нови успеси.