Гедбан од Мундијалот на операција: Ерланген без Алжерецот неколку месеци

Калифа Гедбан имаше солиден настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, но нема по добро да го памети овој собир.

Некогашниот член на Вардар и Еурофарм Пелистер во својот клуб Ерланген се врати повреден и деталните прегледи покажаа дека мора на операција. Алжирецот веќе подлегна под нож и сега го чека процес на заздравување. Според германските медиуми Гедбан надвор од терените ќе биде неколку месеци, па Ерланген ќе мора да се активира на трансфер пазарот и да доведе нов голман. 

Гедбан со Вардар ја освои Лигата на шампионите, а минатата сезона беше шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер. Помеѓу настапите во македонските клубови го носеше дресот на Динамо Букурешт.