• Иван Димовски
Еурофарм Пелистер му гостува на ПСЖ во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. Битолчани со победата над Загреб во добар ритам пристигнаа во Париз, а таму ги чека гигантот на европскиот ракомет кој зад себе има доста промени во ростерот.
Во пресрет на натпреварот со македонскиот првак своите очекувања ги сподели средниот бек Ноа Гаудин.
„Фактот дека ќе го одиграм првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите за ПСЖ е голем за мене. Ова натпреварување е врвот во клупскиот ракомет, а искуството да се игра пред публиката во Париз е уште поспецијално.
Пелистер е шампион на Македонија, па знаеме дека ќе дојде со амбиции да изненади. Сепак, нашиот фокус ќе биде да одиграме најдобро што можеме и да започнеме моќно на домашен паркет“, изјави Гаудин.
Натпреварот во Париз меѓу францусикиот и македонскиот шампион се игра в четврток во терминот од 20:45 часот.






