ВИДЕО: Гарсиас Хосе изведе НЕВОЗМОЖНА асистенција против Еурофарм Пелистер

Sporting

Ракометарите на Еурофарм Пелистер испушија убава можност да запишат уште една победа во ЕХФ Европската лига. На последното гостување кај Спортинг ремизираа 27-27.

На мечот од петтото коло во групната фаза беше видена неверојатна асистенција во режија на Андре Фелипе Гарсиас Хосе. Португалскиот интернационалец направи „додавање на декадата“, според Твитер профилот на ЕХФ.

Пелистерци паднаа на третото место на табелата, со еден бод помалку од водечките Ним и Спортинг.