Гарабаја: За победа во ЛШ мора да играте добро во два правци!

Еурофарм Пелистер претрпе пораз на гостувањето кај Загреб (27-23) во Лигата на шампионите. Иако отворија одлично, битолчани паднаа и загубија од шампионот на Хрватска. 

По натпреварот кратка анализа на одиграното даде тренерот Рубен Гарабаја. Тој нагласи дека мора да се игра цврсто во два правци. 

„Отворивме добро во Загреб и би кажал дека одигравме добро во дефанзивата. Сепак, за да добиете меч во Лигата на шампионите мора да сте добри во два правци. Нашите напади не изгледаа добро на овој меч. Дефинитивно мора да поработиме на тоа, да најдеме начин да бидеме повнимателни, трпеливи и подобро да се „грижиме“ за топката“, изјави Гарабаја.

Оваа победа беше прва за Загреб, а Еурофарм Пелистер има две и осум порази. „Зелено-белите“ испуштија шанса да впишат важни бодови во борбата за нокаут фазата.