• Иван Димовски
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија убедливо на гостувањето кај Висла Плок (36-25) во Лигата на шампионите. Иако пелистерци парираа во првиот дел, немаа сили против ривалот со подолга клупа и квалитет, па претрпеа двоцифрен неуспех.
По поразот краток коментар за одиграното даде тренерот на „зелено-белите“ Рубен Гарабаја.
„Честитки до Висла, тие апсолутно ја заслужија победата. Станува збор за одличен тим со многу добар тренер, а тоа мое тврдење го потврдува и резултатот. Жалам за висината на поразот, особено бидејќи не верувам дека заслуживме да загубима со таква маргина“, изјави Шпанецот.
Пелистерци досега во Лигата на шампионите имаат една победа над Загреб и три порази од ПСЖ, ГОГ Гудме и Висла. Во следното коло на 15 октомври во Битола доаѓа Барселона.





