• Горан Упале
Младиот голман на Алкалоид, Иван Галевски, одново блесна на голот на македонскиот вицешампион, а од вечерва и освојувач на Купот на Македонија. Во големото финале во „Борис Трајковски“ Еурофарм Пелистер беше поразен по изведувањето на пеналите, а токму Галевски беше херојот на Алкалоид со два одбранети седмерци.
<<< ПОВРЗАНО - Галевски пак е пенал-херој: Еве ги седмерците вредни трофеј за Алкалоид (ВИДЕО)
„Поради тоа што сме млади нормално е да има осцилации на вакви натпревари. Но, останавме концентрирани и стабилни во клучен моменти. Тоа беше главниот фактор за оваа победа. Знаевме дека ќе биде многу неизвесно. Пелистер е квалитетна екипа, но вечерва среќата беше на наша страна. Мислам дека го заслуживме овој пехар. Напорно работевме цела сезона, затоа оваа победа не е случајна“, рече младиот голман.
Потоа додаде дека на последните тренинзи вежбале пенали, а откри и дека знаел каде ќе шутира Ѓорговски, еден од ракометарите кои не го реализира пеналот за Пелистер.
„Вежбавме пенали. Знаев каде ќе шутира Емилијан“.
Двете екипи до крајот на сезоната ќе се судрат уште еднаш, во последното коло од плеј-офот. На овој дуел Пелистер нема право на кикс доколку сака да ја одбрани титулата во Суперлигата.