• Мартин Танасковски
Иван Галевски е еден од ракометарите на Алкалоид кои блеснаа пред очите на Европа. Младиот голман со своите одбрани му донесе финале на тимот во Европскиот Куп на ЕХФ, каде чека двомеч со АЕК Атина. Младиот репрезентативец даде коментар за новиот предизвик и првиот финален меч во Грција.
„АЕК е една доста квалитетна и поискусна екипа од нас, етаблирани во светскиот ракомет, имаат доста поминато. Нема да биде лесно, добро е што вториот меч го играме на домашен терен, иако не можеме да кажеме дека е голема предност.
Не очекува една пеколна атмосфера, сме играле пред полни трибини, знаеме како е, наше е максимално да се вложиме и да бидеме 100% фокусирани. Ако ги спроведеме задачите како што треба, се надевам дека на крајот ќе дојдеме до добар резултат“, рече Галевски.
Првиот натпревар од финалето во Европскиот Куп на ЕХФ меѓу АЕК Атина и Алкалоид се игра во недела од 18:00 часот.