ВИДЕО: Галевски прави чуда на голот – спектакуларна двојна одбрана со Австрија!

Младинците не успеаја да приредат уште едно изненадување во групната фаза на Европското првенство во Словенија. Со ремито против Австрија нашите надежи за четвртфинале скоро потонаа, па веројатно нашите надежи ќе играат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место.

Средбата со Словенија заврши со резултат 20-20, а на овој дуел свој блесок имаше младиот голман Иван Галевски. Битолчанецот беше нерешлива енигма за противникот, собра дури петнасесет одбрани од 31 удар и заслужено беше избран за МВП на натпреварот. 

Членот на Алкалоид уште еднаш по покажа својот раскошен голмански талент, а една негова неверојатна двојна одбрана влезе во бележникот на ЕХФ. 

Со овој пласман, но и учеството на Полска во истата фаза (пласман од 9. до 16. место), младинците обезбедија учество на следното Светско првенство, кое се игра токму во Полска.