• Иван Димовски

Ракометарите на Алкалоид го изненади и шампионот Еурофарм Пелистер, па го освои трофејот во Купот на Македонија откако подобро изведуваше удари од седум метри (3-1). По регуларното време беше 22-22.
Нешто што не беше видено во последните години од времето на дуелите меѓу Вардар и Металурт, победникот во Купот го дадоа пеналите. Во серијата седмерци се истакна младиот голман Иван Галевски, кој одбрани два удари, а го натера Радивојевиќ еднаш да бие високо и да погоди пречка.
- Пенал-серијата меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер:
На спротивната страна Лесјак фати еден удар од седум метри, додека Галевски ги скроти шутевите на Кузмановски и Ѓорговски, водејќи го Алкалоид до историски трофеј.