Галевски: Го реализиравме нашиот план, но максимално ќе влеземе и во реваншот

Екипата на Алкалоид го одигра својот прв натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп. На гостински терен запиуша убедлива победа од дванаесет гола разлика (44-32) и вратите од следната фаза се веќе отворени, но остануваат да се одиграа уште 60 минути против Бриксен.

Ракометарите беа видно задоволни од настапот, играта и резултатот, но подвлекуваат дека нема да има опуштање пред реваншот што следниот викенд ќе се игра во „Автокоманда“.

„Без разлика кој и да е противник, ние максимално се спремаме, го даваме максимумот. Така беше и сега, заслужено победивме со Бриксен. Го реализиравме нашиот план со стручниот штаб и дојдовме до висока победа. Ние, сепак, максимално ќе влеземе сериозно и на следниот меч во Скопје, затоа што ни следи малку понапорна недела во која ни следат домашни мечеви, прво со Фруитленд Борец, потоа со Еурофарм Пелистер. Бриксен никако не е за потценување, имаат одлични шутери кои добро шутираат од девет метри, полетни крила кои цело време влечат брз центар, но мислам дека нашата физичка спремност победи во овој момент и можеби бевме пофизички моќни со подобра ротација и бевме исто така подобри тркачки, затоа што ривалот ги користеше истите играчи во поголемиот дел“, рече младиот Галевски.

Реваншот во Автокоманда е закажан за следниот викенд, а претходно уште в понеделник Алкалоид ќе се сретне со Борец во рамки од домашната Суперлига