Галевски ги откажа косовските ракометари и заслужи МВП признание

Македонската кадетска репрезентација има импресивни голмани на ЕХФ шампионатот во Рига. Веќе два натпревари нашите чувари на мрежата се најкорисни ракометари на натпреварот (МВП). По вчерашниот одличен натпревар на Давид Брестовац против Турција, денес блесна Иван Галевски против Косово

Нашата селекција обезбеди место во полуфиналето со денешната победа против Косово со 39-16. Иако играа два натпревари во шеснаесет часа, избраниците на Раде Стојановиќ најдоа енергија за лесна победа.

За МВП на натореварт беше прогласен голманот Иван Галевски, кој успеа да одбрани седумнаесет удари на косовските ракометари. Младиот голман на Алкалоид во двете полувремиња блескаше на нашиот гол и недвојбено им ја олесни работата на соиграчите. 

Летонија на 11 август во натпревар за првото место во групата е следниот ривал на нашите кадети.