• Иван Димовски
Една од најискусните ракометарки во репрезентацијата на Македонија, Ивана Гакидова го прокоментира поразот од Словенија (27-18) во последното коло од квалификациите за Европското првенство. 31-годишната ракометарка нагласи дека одиграле лош натпревар во Велење.
„Искрено, одигравме навистина лошо во овој натпревар. Не бевме фокусирани на тоа што треба да го направиме. Без разлика на сè, најважното нешто е дека одиме на уште едно Европско првенство. Среќни сме за тоа. Се надевам дека ќе се подобриме претходно. Навистина сум среќна и се гордеам со овој тим“, изјави Гакидова.
Македонија како една од четирите најдобри третопласирани селекции се пласираше на континенталниот шампионат.


