Гаџа: Веспрем беше подобар на двата меча, наш фокус е титула во домашното првенство

Вардар 1961 ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со убедлив пораз во двомечот против Веспрем

Унгарската екипа ги надигра избраниците на Стевче Алушовски и покажа дека моментално поседува поквалитетен ростер. Вардарци го признаа поразот, а Анте Гаџа порача дека сега е време тимот да се насочи кон домашните предизвици.

„Веспрем беше подобар на двата меча, особено на првиот во Скопје. Сакавме да покажеме ново лице во однос на тој натпревар, но нашиот противник не ни го дозволи тоа. Останува само да им честитаме, и да ги насочиме силите кон освојување на титулата во домашното првенство“, изјави Хрватот.

„Црвено-црните“ се големи фаворити во македонскиот шампионат и Купот. Успеси во овие две натпреварувања ќе бидат мала утеха за лошата сезона во Европа.