Гаџа: Со ваков Коралес овој Веспрем е тешко совладлив

Вардар не успеа скапо да ја продаде кожата во финалето на СЕХА лигата во Задар против Веспрем. Поразот дојде како нормална косеквенца на подобрата игра на Унгарците кои водеа во текот на сите шеесет минути.

Момците на Алушовски од Арената „Крешимир Чосиќ“ се враќаат со појасен став за нивните можностии квалитети. 

„Разликата во квалитет меѓу нас и Веспрем не е така евидентна колку што кажува резултатот. Подготвувавме изненадување со „7 на 6“, меѓутоа промашивме неколку зицери на почетокот и Веспрем се одлепи.

Кога го имаат Коралес во вакво издание на голот, тоа е многу тешко да ги совладате. Игравме добро во второто полувреме, создававме шанси, но и многу промашувавме“, вели Гаџа.

Вардар ја предаде круната во СЕХА лигата по три години, но и натаму останува прв на вечната листа со пет титули. Прв пратител и веројатно најсериозен кандидат да ги стигне достигнувањата на Вардар е токму Веспрем, кој стигна до три СЕХА-титули во четири учества. 

ФОТО: UROS HOCEVAR / KOLEKTIFF