Гаџа: Кил има брзи ракометари и лесно ги казнува грешките

Одиграните партии против Мешков Брест и Алборг нема да бидат доволно вардарци да го совладаат Кил утревечер во натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите. Момците на Вујовиќ знаат дека немаат право на грешка и мора да бидат перфектни ако сакаат подвиг. 

Централниот бек Анте Гаџа од соиграчите побара максимално залагање на „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар.

„Ракометарите на Кил брзо трчаат контри и полуконтри и ги казнуваат грешките на противниците. По двете стартни домашни победи, дојдоа поразите. Сепак навивачите ја ценеа нашата борбеност и затоа мора да дадеме максимум и на следните натпревари“, рече Хрватот. 

Последен пат овие две екипи се сретнаа на 13 октомври 2019 година, кога „зебрите“ славеа со 20-31.