• Иван Димовски

Финалистот во Купот на Македонија, екипата на ЖРК Чаир почна да го креира тимот за следната сезона во која одново ќе игра во Европскиот куп на ЕХФ.
Ново големо засилување за тимот на чаирчанки е Габриела Величковска. Искусната ракометарка доаѓа од редовите на Куманово, меѓутоа во својата кариера има искуство во француските клубови Ла Пужен и Кот Баске. Исто така Величковска своевремено играше за Мeталург и Пелистер.
За Чаир, Габриела Величковска беше прво летно засилување и со клубот парафира договор на една година.
Чаирчани најавија дека во следниот период ќе бидат промовирани и други нови имиња во тимот.