Фуксе загрижен за тежината на Милосављев: Мора да намали десет килограми...

Милосављев

Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев, се појави на подготовките на новиот клуб Фуксе Берлин со прекумерна тежина. 

Тоа е проблем на кој што треба да работи во наредниот период, вели кондицискиот тренер на екипата, Карстен Кенбрек.

„Секако дека неговата тежина му носи ризик за повреда на тренинзите. Сигурно дека нема да го натераме Дејан да се спушти под 100 килограми, но ќе мора да намали барем десет“, вели Кенбрек.

За физичкиот изглед на голманот зборуваше и тренерот Велимир Петковиќ:

„Јас и Дејан разговаравме за неговата тежина. Но, искрено, не ме интересира како изгледа и колку тежи. Најважно ми е да прави одбрани и да ја потврди констатацијата дека е најдобар голман во Лигата на шампионите.

Нема да имам против да намали некој килограм, тоа би било добро за него и за тимот“.

Моментално српскиот чувар на мрежата има 135 килограми и е мотивиран да работи напорно во текот на подготвителниот период.