• Иван Димовски
По катастрофалниот пораз од Спортинг во претходното коло, екипата на ПСЖ одново ги разочара своите фанови и среде Париз загуби од Фуксе Берлин со 34-37.
Германците подобро отворија, диктираа темпо и почесто водеа на стартот. Ситауцијата се смени и ПСЖ неколку минути доаѓаше до минимално водство, а потоа пред полувремето Фуксе пак се наметна. Поведе во неколку наврати гостинот и со два гола, па на одмор се замина со 18-19. Германскиот колектив отвори добро и по паузата, стекна предност од три гола која не успеа да ја задржи. Парижани бркаа негатива и стигнаа до егал (26-26), а завршницата беше драматична.
Кај победничкиот тим се истакна Гидсел со седум погодоци, додека на спротивната страна Шипжак имаше седум гола.
Португалски Спортинг убедливо го доби дуелот со Динамо Букурешт 34-25 (20-11) и се одржа на третото место во групата А. Домашната екипа по стартната гостинска предност се наметна. Бргу Спортинг стекна високо водство кое до полувремето растеше и растеше, достигна и двоцифрени 18-8, а на пауза се замина со 20-11.
Во вториот дел се обиде Динамо да се врати, пријде и до „минус шест“, ама немаше сили за подвиг и целосен кам-бек. На крајот Португалците славеа убедливо, а најзаслужни за тоа беа браќата Коста кои вкупоно постигнаа 17 гола.