Фуксе ја преживеа драмата со Спортинг, Барселона убедлива со Загреб

Фуксе Берлин ја оправда фаворитската улога, ама само минимално го совлада Спортинг (33-32) во десеттото коло на Лигата на шампионите.

Германскиот гигант одигра одличен прв дел во кој водеа убедливо и имаа пет гола предност, а на одмор се замина со 21-19. Се врати Спортинг, двапати поведе во второто полувреме, а потоа пак Фуксе се наметна. На крајот по голема драма Германците ги обезбедија бодовите. 

Прво име во победата беше Фреихофер со десет реализации, додека му помогна Матиас Гидсел со девет. Кај Спортинг се истакнаа браќата Кошта со седум, односно шест гола.

Поубедлива беше Барселона која го совлада Загреб дома со 38-30 (23-16). Без поголеми потешкотии каталонскиот гигант стигна до предност и потоа победа против овој ривал.