Фуксе го завери првото место, Висла оди во нокаут-фаза од „тројката“

Германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин славеше кај дански Алборг (35-31) во рамки на 13-тата рунда од Лигата на шампионите.

Првиот дел беше израмнет, резултатот гласеше 15-16, а потоа Германците ги презедоа работите во своите раце и дојдоа до заслужен триумф. До првото место Фуксе го водеше Гидсел со осум гола, додека кај Алборг, Хоскер имаше исто така осум гола.

Висла на гостувањето кај Загреб исто така забележа триумф со резултат 34-26. Најдобар стрелец на мечот беше Мелвин Ричардсон со осум гола, додека кај загрепчани Чокверабадзе постигна вкупно шест гола во мрежата на ривалот.