• Иван Димовски
Во рамките на групата А во Лигата на шампионите каде што се натпреварува Еурофарм Пелистер се одиграа три натпревари.
Во дербито на групата Фуксе Берлин го победи дански Алборг со 31-28. Германскиот тим одигра одличен натпревар, особено во првото полувреме беше доминантен и на пауза водеше со четири гола (17-13). Во продолжението Данците имаа обид да се вратат резултатски, меѓутоа не успеаја во својата намера и претрпеа пораз. Најефикасен играч на мечот беше Гидсел со осум реализации.
Спортинг одигра неверојатен натпревар и го совлада Киелце со 41-37. Средбата која понуди 78 погодоци беше за уживање, а домашната екипа беше подобар противник. Уште во првото полувреме Спортинг водеше со 20-15, за потоа да ја завери втората победа во групата. Франциско Мота и Салвадор Роча блеснаа со по девет гола во португалскиот табор, а кај гостите се истакна Шимон Сицко со гол помалку.
Веспрем го одбрани домашниот терен и речиси рутински триумфира против Нант со 30-25 (17-15). Прво име во победата на унгарскиот гигант беше Уго Деска со осум погодоци зад своето име.






