Фуксе Берлин против Барселона во финалето на Супер Глоб втора година по ред

Фуксе Берлин

Германскиот претставник Фуксе Берлин го победи Ал Саад од Катар 26-20 (11-9) и обезбеди финале на Супер Глоб турнирот.

Тоа ќе биде реприза од финалниот меч од минатата година, кога Барселона победи со 29-25 и стигна до третата титула во натпреварувањето.

Бундеслигашот замина на пауза со предност од два гола, а истата до крајот ја зголеми и го совлада домашниот тим, кој ќе разигрува со Монпелје за третото место. Финалето е закажано за 19 октомври.

Холм и Линдберг со по шест погодоци беа најефикасни кај Фуксе, а Хаџ Јусеф се истакна кај катарската екипа.