Фуксе Берлин потпиша со шведското десно крило Кринц

Фуксе

Германскиот прволигаш Фуксе Берлин стави потпис на договор со Швеѓанецот Валтер Кринц кој доаѓа од редовите на Кристијанстанд.

20-годишниот талент треба да ја пополни празнината која ја остава неговиот сонародник Матиас Закрисон кој подолг период е повреден и не се знае кога ќе му се врати на ракометот.

Шведскиот интернационалец е во Берлин неколку дена и ќе ѝ се приклучи на екипата откако ќе направи два теста за коронавирус.

185-сантиметри високиот Кринц беше дел од шведската репрезентација која со Љубомир Врањеш настапи на последното Европско првенство.