Фуксе Берлин назначи 25-годишник за тренер на сениорската екипа

Бундеслигашот Фуксе Берлин ја изненади јавноста со официјализацијата на новиот тренер за сезоната 2020/21. 25-годишниот тренер на ТУСЕМ Есен, Јарон Сиверт постигна договор со некогашниот победник на ЕХФ Купот и ќе го наследи Велимир Петковиќ на тренерското место.

Сиверт до 2017 година настапуваше во Фуксе Берлин, но брзо ја прекина својата кариера и се посвети на тренерскиот занает. Сега потпиша со „лисиците“ на две години и ќе биде најмладиот тренер во Бундеслигата и воопшто во елитните ракометни натпреварувања.

Во екипата на Фуксе Берлин настапуваат поранешните вардарци Дејан Милосављев и Михајло Марсениќ, а скоро сите ракометари се повозрасни од новиот тренер.

Во тековниот шампионат на Германија, Фуксе Берлин е на осмото место со 12 освоени бода.