Фуксе Берлин ќе го предизвика Сент Рафаел во финалето на ЕХФ Купот

Ракометарите на Фуксе Берлин ќе бидат противник на францускиот Сент Рафаел во утрешното финале на ЕХФ Купот, откако во вториот полуфинален натпревар го совладаа Гепинген со 24-27 (13-13).

Почетокот на натпреварот беше изедначен, се играше гол за гол, за да ракометарите на Гепинген кон средината на првото полувреме први да се одлепат на +3 (10-7). Сепак, до крајот на првиот дел фаворизираниот Фуксе успеа да ги консолидира своите редови и по првите 30 минути беше изедначено (13-13). 

И во второто полувреме поголемиот дел од натпреварот беше изедначен, последно на 22-22, за да до крајот берлинскиот тим, носен од Линдберг, слави победа од 24-27 и обезбеди пласман во големото финале.

Најдобар во победничкиот тим беше Ханс Линдберг со осум гола, а Елисон и Захрисон дополнаа со по со четири погодоци. Кај Гепинген Шилер беше најефикасен со шест гола.

Утрешното финале, на кое организатор е тимот на Магдебург, ќе се игра од 15.15 часот, а во мечот за трето место ќе играат Магдебург и Гепинген, кој започнува од 12.45 часот.