• Мартин Танасковски
Германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин се пласира во финалето на овогодинешното издание на Супер Глоуб турнирот кој се игра во Саудиска Арабија.
„Лисиците“ ја изненадија Барселона, која ја добија со резултат 35-34 и тоа по продолжение. По голема борба мечот заврши 29-29, а во екстра-времето поумешно се снајде тимот на Фуксе кој во големото финале ќе атакува на трофеј.
Одличен кај победникот беше Гидсел со десет постигнати гола, пред Толбринг со шест гола, а Андерсон погоди пет пати. Кај Барселона, Фраде и Нгесан имаа по шест, а Ване даде вкупно пет гола.
Фуксе Берлин за титулата ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Магдебург и Киелце. Актуелен шампион е Магдебург.