Фуксе Берлин и Кристопанс доживеаја голем срам во Бундеслигата

Даинис Кристопанс имаше нов неверојатен натпревар во Германија, но, сепак, неговиот Фуксе Берлин доживеа голем срам затоа што загуби од фенерџијата.

„Лисиците“ на домашен терен важеа за големи фаворити против Нордхорн-Лиген, но неочекувано загубија (30-32). Ретко кој можеше да предвиди ваков епилог, ако се земе предвид добрата форма на Фуксе Берлин.

Кристопанс, кој од Вардар се пресели во Фуксе, имаше одлична ракометна претстава со девет постигнати гола од 12 обида, но не успеа да ја круниса со победа.