Фуксе Берлин го совлада Порто и против Кил ќе ја брани титулата во ЕХФ Купот

Во второто полуфинале од Ф4 завршницата на ЕХФ Купот, ракометарите на Фуксе Берлин во „Шпаркасен Арена“ го совладаа Порто со 24-20 (12-8) и обезбедија пласман во утрешното финале, со што добија можност да ја бранат титулата од минатата сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

>>> ПОВРЗАНО - Кил прв финалист во ЕХФ Купот, „зебрите“ пресилни за Холстебро

Германскиот тим од самиот почеток го диктираше темпото на игра, постојано беше во водство, но Португалците успеваа да оддржуваaт егал резултат до 7-7. Од тој момент ракометарите на Петковиќ направија серија од 5-1 и на одмор заминаа со позитива од сигурни 12-8.

Португалските ракометари неколку пати успеаја да спуштат на негатива од -2, но немаа сили за целосен пресврт. Во последните десет минути Фуксе влезе со предност од 20-17, која на крајот се покажа како доволна за конечна победа од 24-20. Најефикасен во победничкиот тим беше Друкс со шест гола, а Линдберг мечот го заврши со пет погодоци. Кај Португалците се истакна Мигел Алвеш со шест гола, а Итуриза запиша пет погодоци.

  • Потег на натпреварот: 

Противник на Фуксе Берлин во финалето ќе биде тимот на Кил, додека претходно во натпревар за третото место Порто ќе ги одмери силите против Холстебро.