Фуксе Берлин е последниот патник на Ф4 на ЕХФ Купот

Бундеслигашот Фуксе Берлин е последниот учесник на завршниот турнир на ЕХФ Купот, откако убедливата победа од Хановер ја потврди на домашен терен и пак славеше за потврда на неспорнито квалитет. 

Екипата на српскиот тренер Петковиќ го надигра Хановер со 30-28 (18-11) и веројатно ќе го предизвика Кил во „Шпаркасе Арена“.

Најдобри стрелци во таборот на „лисиците“ беа Линдберг со осум и Холм со шест гола, додека кај Хановер се истакна Тимо Кастенинг со девет погодоци.

Покрај Фуксе Берлин, учесници на Ф4 турнирот се екипите на Кил, Холстебро и Порто. Ждрепката за полуфиналето ќе се одржи во вторник во Кил.