Фуксе Берлин доби место во новата Европска лига на ЕХФ

Германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин доби шанса од ЕХФ во новата сезона да игра во ноформираната Европска лига која на сцена стапува на местото на поранешниот ЕХФ Куп.

Лигата на шампионите се крати, па така, Европската лига станува доста атрактивна. Германците имаа три сигурни места, арно ама добија уште едно благодарение на „вајлд-картата“ која ја доби Фуксе Берлин.

Бундеслигаши во Европската лига во новата сезона ќе бидат Магдебург, Рајн Некар Левен, Хановер и Фуксе Берлин, додека во Лигата на шампионите ќе играат Кил и Флензбург, што значи дека шест германски тима ги чекаат европски натпревари.

Македонија во Лигата на шампионите ќе ја претставува Вардар, додека веројатно во Европската лига ќе играат Еурофарм ПелистерМеталург и Бутел. Попладнево и Охрид најави дека ќе аплицира за настап во ова натпреварување.