Фудбалска асистенција на Јагуриновски: Со глава му додаде на Танкоски за клучен гол во дербито (ВИДЕО)

Вардар со неверојатен пресврт се врати од „минус шест“ и го победи Охрид (26-27) во 21. коло на Суперлигата. Избраниците на Гиљермо Милано покажаа карактер во завршницата и режираа голем кам-бек. 

Велат дека среќата ги следи храбрите, па таква беше ситуацијата и со вардарци. Голот на скопскиот тим за 26-24 на Марио Танкоски беше навистина комичен, поточно невообичаена беше асистенцијата. Танкоски му додаде на Томислав Јагуриновски, а десниот бек не стигна да ја прими таа топка, му се одби од глава и се врати идеално до соиграчот. 

Танкоски шутна, а голманот Даниел Ѓорѓески пожртвувано скокна да спречи гол, меѓутоа не успеа во намерата. 

Овој погодок исто така предизвика и реакции од публиката, бидејќи беше тесна ситуација околу тоа дали топката ја мина линијата, но судијата беше блиску и без размислување утврди дека е гол.