• Зоран Мишевски

Со технички состанок и прв тренинг, ракометарите на Фруитленд Борец ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата, во која велешани ќе играат во плеј-аутот, каде ќе бркаат опстанок во дебитантската сезона.
Пред потпис со велешкиот состав средниот бек Марио Миланов и десниот бек Синиша Павлов.
Фруитленд Борец во наредните пет недели интензивно ќе се подготвува за продолжението на првенството, период во кој ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари а се очекува и да се доведат неколку засилувања со што би се зголемила конкуренцијата во тимот.
По шеснаесет одиграни кола, Фруитленд Борец се наоѓа на десеттата позиција на табелата со шест освоени бод. До крајот остануваат уште шест кола од регуларниот дел по што следува разигрувањето за шампион и за опстанок во лигата. Во 17. коло велешани на домашен терен ќе го пречекаат составот на Охрид.