• Зоран Мишевски

Нерешениот резултат на нашата репрезентација беше тоа што Абало го побара од Кире Лазаров на вчерашниот тренинг. Франција сега со обична победа од само еден гол против Норвешка ќе се квалификува за полуфиналето, а со тоа ќе ни возврати за услугата.
Ако „галските петли“ ја совладаат селекцијата на Берге в среда, а истиот ден според очекувањата, Полска слави против Белорусија, тогаш Македонија со помош на Франција в среда ќе биде и официјално учесник во априлските олимписки квалификации. Единствени две опции да не се случи тоа е Норвешка да стане европски првак или да игра финале со Франција, можност која теоретски и натаму постои, иако изразена во многу мал број на проценти.

