• Зоран Мишевски
Во втората француска машка ракометна лига, Националната ракометна федерација на Франција воведе револуционерно ново правило за бодување при нерешен резултат.
Почнувајќи од септември 2026 година, доколку натпреварот од регуларниот дел од сезоната заврши нерешено по регуларните шеесет минути, веднаш ќе се изведува серија седмерци за да се одреди победникот на кој ќе му припадне дополнителен бод:
Двата тима по автоматизам го задржуваат освоениот еден бод за нерешениот резултат. Победникот од седмерците добива уште еден бод (вкупно два бода), што е еднакво на бодовите што се добиваат за чиста победа во регуларниот дел. Поразениот од седмерците останува со својот еден бод.
Оваа серија нема да го менува официјалниот резултат на натпреварот, ниту ќе влијае врз гол-разликата или индивидуалните статистики. На пример, натпревар кој завршил 30-30, во записникот ќе остане со тој резултат, без разлика кој победил на пеналите. Ова правило важи само за регуларниот дел од сезоната, но нема да се применува во плеј-офот и баражите за пласман во повисок ранг. Главната цел е да се зголеми драматичноста и атрактивноста за публиката.