Французинот Махамаду Кеита е замената за Срдановиќ во Вардар

Управата на Вардар 1961 официјализира ново засилување за следната сезона. Во Скопје ќе пристигне Махамаду Кеита, кој игра на позицијата лево крило и во моментов настапува за екипата на Логроњо Ла Риоха во шпанската АСОБАЛ лига. 

29-годишниот Кеита играше за Бенфика и ја освои Европската лига, а беше дел и од тимот кој го совлада славниот Магдебург во големото финале. Има големо искуство од настапите во три силни првенства (Франција, Шпанија и Португалија). 

Во сезоната 2022/23 како играч на Натурхаус Ла Риоха од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а оваа сезона запиша 25 погодоци во тимот на Анхел Хименез