Светскиот првак лесно ја растури Данска

Репрезентацијата на Франција која важи за кандидат за златото на Европското првенство (ЕП) во женски ракомет, извојува нова победа и во мечот со Данска славеше со високи 23-29 (11-17), за втор триумф во групата 1.

Данските ракометарки тешко се носеа со фаворитот, а беа во егал само до 4-4. Потоа почна доминацијата на „триколорите“, кои се одлепија прво на 4-7, потоа водеа и со 8-14, а откако на пауза заминаа со предност од шест гола (11-17), во вториот дел не дозволија сензација.

Најдобра на теренот беше Нзе Минко со седум гола, додека Пино и Зади дадоа по четири погодока. Кај Данска, Волер постигна пет погодока во мрежата на Амандин Лејно.

Франција во наредното коло од групната фаза игра со Шведска, додека Данска се среќава со Русија.