Француски предизвик за Магдебург на Ф4 во ЕХФ Купот

Во пресрет на ждрепката за Ф4 во Лигата на шампионите, беше одржана и ждрепката за завршниот турнир во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување, EХФ Купот.

Домаќинот на Ф4, Магдебург, ќе игра против единствениот тим што не е од Германија, францускиот Сант Рафаел, додека во второто полуфинале ќе се сретнат двете екипи од Бундеслигата, Фуксе Берлин и Гепинген.

Завршниот турнир ќе се игра во „Гетек Арена“ во Магдебург на 19 и 20 мај, а титулата ќе ја брани Гепинген, кој и сезонава без особени проблеми стигна до Ф4. 

Полуфинале, Ф4, ЕХФ Куп:

Сант Рафаел - Магдебург
Гепинген - Фуксе Берлин.