• Иван Димовски

Тиквеш продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а најново име во кавадаречкиот тим е Чамал Абдула.
Станува збор за десен бек од Франција, кој во Кавадарци пристигнува од редовите на Ал Ахли Бенгази од Либија. Абдула минатата сезона настапуваше за либискиот клуб, а претходно има искуство и од тунискиот ракомет, каде што во сезоната 2024/25 го носеше дресот на Масакен.
Новиот ракометар на Тиквеш има и богато искуство од францускиот ракомет. До 2018 година играше за Сен Рафаел, а потоа настапуваше и за Драгињан и Буржуен. Абдула ќе биде уште една опција во тимот на Тиквеш, кој ова лето значително го промени составот и се подготвува за настап на домашната и европската сцена.
Кавадарчани во ЕХФ Европскиот куп ќе се соочат со Еш од Луксембург, што ќе биде првиот европски предизвик за тимот во новата сезона.





